(ФОТО) Додека Данела и Орце водат битка за знакот, „никна” нов плакат во Кисела Вода
По отстранувањето на таблата „Ја сакам Кисела Вода“ од страна на Град Скопје по налог на Данела Арсовска и борбата на градоначалникот Орце Ѓорѓиевски да покаже колку ја сака општината, се отвори трет фронт.
Плакат со истиот натпис изминативе денови е поставен во близина на кафулето Манго.
Групата која го постави плакатот ги повика двајцата градоначалници, кандидати на ВМРО-ДПМНЕ да дојдат да го отстранат плакатот ако навистина сметаат дека можат, со коментар дека „Кисела Вода е на сите, општината ја сакаат сите жители и не е ничија своина“.
Додека Арсовска и Ѓорѓиевски водат битка за знакот, плакатот поставен во близина на кафулето Манго остана на местото каде што беше поставен.
Град Скопје го урна знакот „Ја сакам Кисела Вода“ поставен на пешачкиот остров меѓу улицата Народни херои и булеварот Борис Трајковски.
Потоа градоначалникот преку социјалните мрежи порача дека покажувањето сила кај него не поминува, а знакот ќе биде повторно вратен.