Семките од ким од Индија се повлекуваат од пазарот
Хрватскиот државен инспекторат ги информираше потрошувачите за отповикување на производот од семе од ким (Jeera whole Ali Baba) 100 g, со потекло од Индија.
Производот се повлекува поради зголемено ниво на пестицидот хлорпирифос, соопшти денеска Хрватската агенција за земјоделство и храна (ХАПИХ).
Семките од ким (Jeera whole Ali Baba) 100 g, кои се повлечени од пазарот, имаат ЛОТ број L30/06/2024, со дата на користење до 30.6.2024 година.
Производот не е во согласност со Регулативата на ЕУ за максимални нивоа на остатоци од пестициди во или на храната и добиточната храна од растително и животинско потекло, пишува порталот Индекс.
Добавувачот на производот е Fresh Tropical Srl By Jawad, Corbetta, Италија, а на пазарот го пласира ИНДИЈА ON CART MARINOA d.o.o., Риека.
Известувањето се однесува исклучиво на производот со горенаведените податоци, стои во соопштението на ХАПИХ.