Актуелно

Уште една компанија ја напушта Русија

Јапонската компанија „Бриџстон”, еден од водечките светски производители на гуми, објави дека почнала да бара локален купувач за својата руска подружница.

Како причина тие ги наведоа неизвесните деловни перспективи и тековните проблеми со снабдувањето.

Во март „Бриџстон” одлучи да ги прекине сите производствени активности и да ги замрзне новите инвестиции во Русија по конфликтот на земјата со Украина.

Компанијата со седиште во Токио има повеќе од 1.000 работници во Русија, главно во фабрика за гуми во Улјановск и продажна канцеларија во Москва. На Русија отпаѓаат помалку од 2,0 отсто од приходите на „Бриџстон”, се вели во соопштението, пренесува Ројтерс.

Процесот на наоѓање купувач и склучување договор веројатно ќе трае неколку месеци, се додава. Заминувањето од Русија се проценува дека ќе резултира со оштетување на имотот од 16,8 милијарди ¥ (113,5 милиони долари) и други загуби.

Во август, „Бриџстон” ја задржа финансиската прогноза за фискалната 2022 година на непроменето ниво, а сега објави дека наскоро ќе објави промена во проекциите.

На почеток