Матуранти се затруле со храна за време на матурата
Од
Објавено на
Дваесетина осмоодделенци од Основното училиште „Јован Ристиќ“ од Борча се затруле со храна за време на матурата на Златибор.
Се наведува дека децата биле на Златибор три дена, после ручекот последниот ден се упатиле кон Белград, но набрзо почнале да добиваат симптоми слични на труење, пишува Блиц.
По пристигнувањето во Белград, осум деца биле пренесени во болница каде било потврдено дека имаат труење со храна.
Тие се сместени во дневна амбуланта. Засега се сомнева дека труењето најверојатно е предизвикано од пилешко.