Камчев е на слобода
Бизнисменот Јордан Камчев од шести ноември е на слобода, објави денеска БИРН, откако ја искористил законската можност да ги спои двете затворски казни од „Империја“ и „Плацови на Водно“ како една.
Судот поради тоа му одобрил намалување на вкупната казна за четири месеци.
На таа одлука на судот јавното обвинителство не се жалело. Претходно вкупната казна изнесуваше 24 месеци затвор заедно со деновите минати во притвор и куќен притвор.
Информацијата за БИРН ја потврди директорот на затворот во Струга, Ваљон Ќура, каде што бизнисменот ја издржуваше затворската казна.
Камчев уплати и 5,1 милиони евра во државниот буџет за предметот „Империја“ по признанието за вина.