Свет

Руската доктрина во оваа сфера е чисто одбранбена, вели Шевченко

Руската нуклеарна доктрина е чисто одбранбена и не може да се толкува поинаку, изјави Александар Шевченко, член на руската делегација во Генералното собрание на ОН.

Тој ги коментираше наводите дека Москва се заканува со употреба на нуклеарно оружје.

„Како одговор на денешното апсолутно неосновано обвинување дека Русија наводно се заканува со употреба на нуклеарно оружје за време на специјална воена операција во Украина, сакаме уште еднаш да нагласиме дека руската доктрина во оваа сфера е чисто одбранбена и не подлежи на некое пошироко толкување“ рече тој на седницата на Генералното собрание на ОН посветена на извештајот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) за 2022 година, пренесува ТАС С.

Шевченко посочи дека Русија е цврсто посветена на принципот дека не може да има победници во нуклеарната војна и затоа таа никогаш не треба да биде лансирана.

„Овој принцип беше потврден од претставниците на петте нуклеарни сили во нивната заедничка изјава на 3 јануари 2022 година. Посветеноста на овој принцип беше потврдена повторно на 2 ноември во руската изјава за спречување на нуклеарна војна“, рече Шевченко.

На почеток