„Загризува сув леб, со самиот загриз лебчето се рони, одвај го голта од што е суво“
„Голем одмор…Учениците јадат, си разговараат, се смеат наеднаш еден ученик извикува ,,Наставничке види го ….”. Одам до масата на ученикот, здогледувам како детето загризува сув леб, со самиот загриз лебчето се рони, одвај го голта од што е суво… Оффф ГОСПОДЕ“, вели учителка во објава на социјалните мрежи.
„Немам ни чашка да му наполнам водичка. Со трчање одам до кафематот му земам чајче. Му го подавам чајчето и му велам повели …. Почнува да се крие и да му се ронат солзи низ тоа невино лице и од срам не го прифаќа. Му давам задолжение да излезе од училницата… Седнуваме на парното и му велам ,,Ќе ти се налутам ако не го прифатиш чајчето, ајде живели”
Во моментот милион емоции ме облија, душата ме боли, срцето ми се скрши. Зошто, зошто децата немаат бесплатна храна во училиште, зошто децата да бидат гладни, зошто дозволуваме да има вакви ситуации? Знаеме дека многу родители едвај го поминуваат месецот, но жалосно е што има вакви сутации, каде што барем храната за учениците во училиштата не е обезбедена од страна на државата. БОЛНО, многу болно.
Да ги согледаме овие болни ситуации и во рамки на нашите можности да помогнеме колку можеме!
Да ги научиме нашите деца дека сите сме исти на оваа планета, без разлика на националност, боја на кожа, финансиски средства…“, стои во објавата.