Магазин

(ВИДЕО) Компјутерски подмладен Харисон Форд: „Малку е страшно“

Во почетната сцена на петтиот дел од Индијана Џонс, сместена во 1944 година, главниот лик ќе се појави компјутеризирано подмладен, а самиот Харисон Форд е изненаден од резултатот.

“Ова е прв пат да видам вакво нешто и да верувам во тоа што го гледам. Малку е страшно. Мислам дека не сакам ни да знам како функционира, но тоа го прави”, коментираше Харисон Форд.

Беа користени неколку техники за подмладување на главниот лик, вклучително и софтвер кој го подобри свежо снимениот материјал заснован на архивски снимки на младиот Харисон Форд.

„Се надевам дека само ќе го погледнете и ќе кажете: „О Боже, штотуку најдоа стара снимка, ова е нешто што го снимиле пред 40 години“, вели продуцентката Кетлин Кенеди.

Режисерот Џејмс Манголд сакаше да ја задржи истата енергија како и неговите претходници Стивен Спилберг и Џорџ Лукас во петтиот дел од филмот.

Сакав да и дадам на публиката адреналин“, изјави Манголд.

Затоа, филмот ќе започне во 1944 година, во замок полн со нацисти, а пред херојот да се најде во сегашноста, тој ќе се најде во 1969 година, во време кога Американците очајно сакаат да ги престигнат Русите во трката до Месечината.

„На овој начин публиката ќе го доживее авантуристичкиот дух на тие рани денови“, објасни режисерот.

Филмот е полн со авантури, полн со смеа, полн со вистински емоции“, заклучи Харисон Форд.

На почеток