Магазин

И Карлеуша би отворила профил на OnlyFans, но само под овие услови

Поранешната кошаркарка Милица Дабовиќ, која реши да отвори профил на платформата OnlyFans, моментално е во центарот на вниманието на јавноста. Сепак, слична одлука може да донесе и пејачката Јелена Карлеуша.

Имено, Карлеуша даде изјава за локалните медиуми во која објасни под кои услови би отворила профил на OnlyFans.

„Да отворам профил на OnlyFans, ќе заработам милиони. Тоа му го кажав на мојот продуцент, а тој ми рече: „Само преку мене мртов“. Затоа не размислувам сега на тоа, туку штом Ким Кардашијан направи профил на таа платформа, и јас ќе го направам тоа“, рекла Карлеуша.

Таа, исто така, изјави што луѓето би можеле да видат на тој профил.

„Фотографиите не би се разликувале од 90 отсто од оние што ги објавувам на Инстаграм. Тоа се фотографии од настапи во многу провокативни костими. Единствено е што не знам што би ставила на другите социјални мрежи, но би се снашла “, рече таа.

На почеток