Северот на Косово се уште е блокиран
Од
Објавено на
Ноќта на северот на КиМ помина мирно.
Премините Јариње и Брњак се уште се затворени и за пешаци и за возила. Сообраќајот е затворен на главните патишта, а може да се движите само по споредните патишта, јавува РТС.
На барикадите ноќта поминала мирно, а пред полноќ одвреме навреме се слушале пукотници и детонации, но нема информации за повредени или ранети, јавува РТС.
Србите на северот на Косово и Метохија вчера попладне и навечер излегоа на неколку контролни пунктови и формираа барикади поради апсењето на поранешниот полицаец Дејан Пантиќ во Јариње.