Актуелно

(ВИДЕО) Уапсениот Николовски за лажните бомби: Стравот постои, се сомневам во некои лица

Никола Николоски-Боемот кој беше уапсен од полицијата поради тоа што се сомневаа дека тој ги испратил дојавите за бомбите, во интервју за „А1он“

„Тоа се сигурно луѓе кои не се согласуваат со она што го пишувам на профилот кој го имам. Не знам тие кога и како се навредиле, кој точно стои, се сомневам во некои лица, но не можам да гарантирам. Во државава тешко одат докажувањата, но се надевам дека вистината ќе излезе на виделина“, кажа Николовски во интервјуто.

Шок и стрес доживеал во периодот кога бил уапсен.

„Првите денови живеев во параноја. Полициско возило имаше кај мене пред зграда паркирано. Не знам дали било заради мене или не, меѓутоа, така живеев во некоја параноја. Мислев дека е заради мене. Следниот ден имаа нови дојави за бомби. Стравот постои“, додаде Николовски.

На почеток