Актуелно

Едно претходно, друго сега: Адвокатка ја искоментира Русковска која магично ги смени ставовите

Адвокатката Сузана Јошевска-Анастасовска го коментираше гостувањето на Вилма Русковска, ексшефица на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција во ИРЛ. Таа вели: На вечерашниот подкаст на ИРЛ гостинката Вилма Русковска зборувајќи за настаните поврзани со неуспешното бегство на Мијалков, рече дека тој лично и’ се јавил (не како што тогаш изјавуваше “преку посредници”) и дека “негов услов” бил- куќен притвор за да се предаде. Тоа го кажа најнормално и попатно, најмоќниот човек во бегство, пардон, во изолација му поставил услов на обвинителот Јовески -куќен притвор за да се предадам- и Јовески се согласил“.

Во коментарот, Јошевска-Анастасовска додава:

„Во тој период бевме замајувани со други тези, еве линк подолу. Интересно е колку се менува перцепцијата за реалноста на секој човек на функција зависно од тоа дали е внатре или надвор од институциите. На пример, поранешната обвинителка сега ја фаќало срам од тоа што помош за справување со корупцијата стига од САД, цени дека недовербата во правосудството се должи на 30 години неказнивост, најверојатно ист период во кој таа е обвинител и голем период во кој е обвинител за орг.криминал. Исто така, интересно е колку е еластична перцепцијата која може да се витка и на лево и на десно зависно од посакуваниот ефект кој треба да се постигне, така што не можеме никако да разбереме дали притисокот кој и е вршен за предметите “од некоја поранешна Влада” е некаде пријавен, па макар и на американските експерти кои биле и си заминале веќе од ОЈО ГОКК“.

На почеток