За гласините дека Мијалков убедува пратеници за уставни промени: како ќе може да седи во Мериот и да убедува некого, ако е во затвор, па тоа и Струга да е?!
Новинарката Жанета Трајкоска ги искоментира јавните гласини дека Сашо Мијалков доби одлука од Апелација која му гарантира слобода. Трајкоска им посочи на политичарите меѓу кои е претседателот Стево Пендаровски кој е шокиран, да престанат да се преправаат.
„Мислите дека Мијалков пак ќе треба “да разговара и да убедува” некои пратеници на ВМРОто, оти “верува во решението” и повторното отворање на Уставот?! Видете, едноставно е, како ќе може да седи во Мериот и да убедува некого, ако е во затвор, па тоа и Струга да е.
ТефтерчиНа на судии и обвинители имаат сите партии, видовме и за ОЈО и Апелација..а и за СЈО, па и Судски совет…а богами и за Уставен, Управен па и за оние што полагале правосуден без завршени студии… и така….продолжи ја низата.
Овие пУлитичариве што паѓаат во несвеС сега, да престанат да се преправаат и да си купат билобил. Аман, не се трпите од драмење. Барем да ви веруваше некој, па глумењето да ви се исплатеше“, пишува Трајкоска.