Коментари

„Русковска најнормално кажа дека најмоќниот човек во бегство му поставил услов на обвинителот Јовески“, вели Јошевска

Реакции од адвокатската фела предизвикува и интересната изјава на поранешната шефица на ОЈО ГОК за тоа како се предал поранешниот директор на УЈБ, Сашо Мијалков.

Таа откри дека и се јавил лично тој, а бројот нејзин го имал од времето кога соработувале службено.

Еве што објави за ова познатата адвокатка Сузана Јошевска Анастасовска.

„На вечерашниот подкаст на ИРЛ гостинката Вилма Русковска зборувајќи за настаните поврзани со неуспешното бегство на Мијалков, рече дека тој лично и’ се јавил (не како што тогаш изјавуваше “преку посредници”) и дека “негов услов” бил- куќен притвор за да се предаде. Тоа го кажа најнормално и попатно, најмоќниот човек во бегство, пардон, во изолација му поставил услов на обвинителот Јовески -куќен притвор за да се предадам- и Јовески се согласил.
Во тој период бевме замајувани со други тези, еве линк подолу.
Интересно е колку се менува перцепцијата за реалноста на секој човек на функција зависно од тоа дали е внатре или надвор од институциите.
На пример, поранешната обвинителка сега ја фаќало срам од тоа што помош за справување со корупцијата стига од САД, цени дека недовербата во правосудството се должи на 30 години неказнивост, најверојатно ист период во кој таа е обвинител и голем период во кој е обвинител за орг.криминал.
Исто така, интересно е колку е еластична перцепцијата која може да се витка и на лево и на десно зависно од посакуваниот ефект кој треба да се постигне, така што не можеме никако да разбереме дали притисокот кој и е вршен за предметите “од некоја поранешна Влада” е некаде пријавен, па макар и на американските експерти кои биле и си заминале веќе од ОЈО ГОКК“, вели таа.

На почеток