Коментари

Непримарно и недипломатско е писмото на австрискиот амбасадор, се меша во внатрешни работи, реагира адвокатката Јошевска-Анастасовска

Непримерно и недипломатско е писмото на австрискиот амбасадор, смета адвокатката Сузана Јошевска-Анастасовска. Таа реагира дека дописот на Амбасадата на Австрија во кој се осврнува на приватен спор помеѓу две фирми е мешање во внатрешните работи на Македонија. Јошевска-Анастасовска посочува дека ова е последица на понижувањата што Судскиот совет ги приреди.

„Австрискиот амбасадор си зема за право да се меша во внатрешните работи на земјата и ја приватизира функцијата за да помогне на приватно правно лице да наплати приватен долг. Една работа е да зборуваш за принципот владеење на правото, друга работа е да бараш ‘смена на судии и обвинители’, значи смена, не преиспитување на нивната работа, ставајќи се истовремено во улога на обвинител и на судија и на комисија која одлучила кој и зошто треба да се смени, а сето тоа заради заштита на приватни интереси на една (угледна) фирма Најтажното е што дојдовме до дереџе да дипломати си земаат за право вака да се однесуваат најверојатно мислејќи дека само таков јазик разбираме, а богами и заслужуваме“, смета адвокатката Сузана Јошевска-Анастасовска.

Таа дообјаснува: „Дупло тажно е што некои, родени овде, се радосни за ваквото непримерно однесување на гостин во нашата држава од нарцисоидни причини-дека биле во право кога тврделе дела е корумпирано судството. Ова е последица на понижувањата што Судскиот совет му ги приреди на секој еден судија во државава и тие не се побунија. Сега ќе бришат под со вас. Допрва ќе бришат“.

Преку допис, амбасадата на Австрија го критикува македонскиот правосуден систем, барајќи да се разрешат сите судии и јавни обвинители, но и да им се укинат лиценците на извршителите и нотарите кои постапувале во спор што се води меѓу австриската компанија „АММА ДОО Хоенемс“ и валандовската фирма „Дена трејд“ за производство на корнишони.

To Top