Кога јавноста нема одговор зошто не е искористено странското вештачење, не преостанува друго освен да мисли дека се работи на прикривање, вели Јошевска
По документарецот на ИРЛ за модуларната болница во Тетово, со свој став на социјалните мрежи се огласи адвокатката Сузана Јошевска.
„Секогаш ми е тиха језа, јад и чемер кога ќе слушнам дека за предмети од огромен јавен интерес обвинителот “не добил дозвола за интервју”, а тој што треба да ја даде дозволата, главниот обвинител Јовески не коментирал отворени предистраги.
Кога јавноста нема одговор од надлежните зошто не е искористено странското вештачење (кое нели, требаше да даде непристрасен одговор на се) за барем предметот да премине од предистрага во истрага или спротивно, да се затвори предметот бидејќи нели, кабелот е виновен, не преостанува ништо друго освен да мисли дека се работи на прикривање.
А кој е најголем сојузник на прикривањето?
Времето“, стои во објавата.