Познато кој е возачот кој го усмрти 11-годишното девојче во Велес
Од
Објавено на
Вчера вечер околу 22.15 часот во СВР Велес било пријавено дека на улицата „Борис Трајковски“ во Велес, патничко возило „мерцедес“ со велешки регистарски ознаки, управувано од 29-годишниот А.Н. од Велес, удрило во пешаците 43-годишната Е.И. и нејзината малолетна ќерка од Велес, по што го напуштило местото, извести МВР.
– Во несреќата, малолетничката починала на местото, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош. Додека, со телесни повреди се здобила Е.И., констатирани во болницата во Велес, соопшти МВР.
Увид на местото извршиле Јавен обвинител и екипа на СВР Велес. По преземени мерки возилото било најдено и се преземаат мерки за расчистување на случајот.