(ВИДЕО) Скопје повторно на листата на најзагадени градови во светот

Од
Објавено на

Вечерва Скопје повторно се најде на неславната ранг листа на најзагадените градови во светот, заземајќи го шестото место според според платформата „IQAir“, која го следи аерозагадувањето во реално време.
Скопје со индекс на квалитетот на воздух од 187, на листата е заедно со градови од Индија, Гана и Бангладеш кои се познати по лошиот квалитет на воздух.
Според платформата во моментов аерозагадувањето во Скопје е штетно по здравјето.
