(ВИДЕО) Тоне сплав во Белград, во тек евакуација
Сплавот „Фристајлер“ во Белград е евакуиран за време на новогодишната прослава, јавуваат српските медиуми.
Како што пренесува српски Телеграф, сплавот наводно бил евакуиран само неколку минути по полноќ.
Покрај полициските единици, на терен се и три екипи на Брза помош, како и 10 пожарникари кои помогнале во евакуацијата.
Исто така, во медиумите се појавија информации дека наводно имало пукање, но, како што пренесува српски Телеграф, се испоставило дека станува збор за огномет.
„Добивме информација дека има тепачка и дека сплавот тоне, не знаеме дека имало пукање“, велат за „Блиц“ од итната помош.
Nakon odbrojavanja Freestyler je evakuisan pic.twitter.com/zqUFRszi06
— Kalabaster (@KalabasterJak) January 1, 2023