Земјотрес во Хрватска
Земјотрес со јачина од 3,6 степени според Рихтеровата скала е регистриран во околината на Белог Манастира во Хрватска рано утринава околу пет часот, јавува ЕМСЦ.
Се наведува дека епицентарот бил на длабочина од 10 километри и на неколку километри од Белог Манастир, а граѓаните известуваат дека е почувствуван и во околината на Осиек, пренесува Index.hr.
Нема извештаи за материјална штета и евентуални повредени.
Околу 7 часот и 24 минути беше почуствуван уште еден послаб земјотрес со епицентарот на околу 5 километри од Придраж, недалеку од Задар,
Земјотресот бил со магнитуда од 2,6 степени.
Според податоците од апликацијата EMSC, епицентарот бил на длабочина од 2 километри.