Актуелно

Објавена карта на светот со земји кои го признаваат Косово

Светска карта – сини земји кои не го признаваат Косово ФОТО
На социјалните мрежи е објавена карта на светот на која со сино се означени земјите кои не ја признаваат прогласената независност на Косово.

Многу корисници на Твитер ја споделија таа мапа, меѓу кои и државниот секретар во Министерството за одбрана на Србија, Немања Старовиќ.

„Светот од ден на ден станува посин. Лекцијата е дека кога одите по патот на еднострано прогласување независност, како во случајот со Косово, процесот на признавање станува неизвесен и реверзибилен. Ви благодариме на оние кои не признаваат и оние кои го повлекоа признавањето, меѓународното право ќе надвладее“, напиша Старовиќ на Твитер.

Да потсетиме, српскиот претседател Александар Вучиќ во средата на годишната прес-конференција ги објави имињата на деветте земји кои го повлекоа признавањето на Косово, додавајќи дека уште се чека десеттото.

„Имаме девет кои го повлекоа признавањето – Сомалија, Буркина Фасо, Габон, Есватини, Либија, Гвинеја, Антигва и Барбуда, Малдиви, Света Лусија, го чекаме десеттото“, рече Вучиќ.

Тој посочи дека дури 106 земји не ја признаваат независноста на т.н Косово, 84 недвосмислено го признаваат, а дека три држави „не се чисти“.

На почеток