Свет

Пентагон: Путин не се откажува

Целта на рускиот претседател Владимир Путин да ја окупира украинската територија не е променета, соопшти денеска Пентагон.

Во соопштението, Пентагон додава дека руските сили и понатаму страдаат од „воени слабости“, вклучувајќи го и бројот на војници што ги имаат.

„Путин не се откажа од своите цели да доминира во Украина и да продолжи да ја окупира украинската територија“, изјави Лаура Купер, заменик помошник секретар за одбрана за Русија, Украина и Евроазија, пренесе Ројтерс. Сепак, реалноста на слабоста на руските вооружени сили „е во судир со тие цели“, рече Купер, додавајќи дека руските војници имаат низок морал.

На почеток