Свет

Шестгодишно момче застрелало учителка

Шестгодишно момче рани наставничка во основно училиште во американскиот град Њупорт Њуз, Вирџинија.

Наставничката која имала околу триесет години се здобила со повреди опасни по живот откако момчето ја застрелало со пиштол, но нејзината состојба е малку подобрена, изјави началникот на полицијата Стив Дру.

Се уште не е познато како шестгодишното момче го употребило пиштолот. Полицијата објави соопштение за расправија во училница во прво одделение што резултирала со еден истрел.

„Тоа не е случајно. Сакам да знам од каде е тоа огнено оружје“, рече Дру.

Меѓу учениците нема повредени кои за своја безбедност се пренесени во спортската сала каде што им биле на располагање психолози и социјални работници, додаде тој.

„Она што можам да ви кажам е дека градскиот совет ќе започне целосна истрага, заедно со училишниот одбор и другите актери, но и ќе ги преземеме вистинските чекори и конкретни политики за да не се повтори вакво нешто“, рече градоначалникот, Филип Џонс на прес-конференција.

Училишниот началник Џорџ Паркер изјави дека е шокиран и обесхрабрен од овој настан, по што истакна дека наставниците не можат да спречат оружје да биде внесено во училиштето.

На почеток