„Некои единици избегале од линијата на фронтот кај Соледар“, тврди советник на Зеленски
„Побегнаа, а кога некој ќе избега…
Киев — Алексеј Арестович, советник на шефот на канцеларијата на Владимир Зеленски, рече дека некои единици избегале од линијата на фронтот кај Соледар.
Има единици кои бегаат во Соледар… Кога четата бега од фронтот, нивните соседи, по правило, многу се тагуваат, а непријателот брза на нивно место“, вели Арестовиќ.
Рано утринава првиот човек на руската платеничка група Вагнер, Евгениј Пригожин соопшти дека единиците на таа група ја презеле контролата на целата територија на Соледар, каде со денови се водат жестоки борби меѓу руската и украинската војска.
Вчера почна да се најавува дека Русите ќе ја преземат контролата над тој град.