Актуелно

Русија разви ново нуклеарно оружје

Русија ги произведе првите нуклеарни боеви глави за супер торпеда Посејдон кои ќе бидат распоредени на нуклеарната подморница Белгород, јави ТАСС.

„Првите количини оружје за Посејдон се произведени и подморницата Белгород ќе ги добие во блиска иднина“, открил изворот за ТАСС.

Рускиот претседател Владимир Путин го најави таканаречениот Посејдон во 2018 година.

Тој го опиша како нов тип на стратешко нуклеарно оружје со сопствен извор на нуклеарна енергија.

На почеток