Се што кажа Мицкоски – промаши, реагира власта и објаснува примери


„Се што кажа промаши, Мицкоски велеше ќе нема струја, а извезуваме вишоци“, реагира СДСМ и додава:
Во време на најтешка енергетска криза во светот, владата предводена од СДСМ обезбеди сигурна и стабилна испорака и ценовна стабилност на на електричната енергија.
Паднаа во вода сите лаги и невистини на Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, со кои ширеа страв и паника кај граѓаните.
Мицкоски велеше дека нема да имаме струја, а за прв пат среде зима се врши и извоз на вишоци електрична енергија од домашно производство.
ВМРО-ДПМНЕ ги плашеше граѓаните дека ќе има рестрикции, дека нема да има доволно електрична енергија, а за прв пат во 70 години, со полна пареа работат сите енергетски капацитети во државата и задоволуваат 100 проценти од потребите.
Цената на електричната енергија не се зголемува, со што пропаднаа апокалиптичните сценарија на Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ.
Напротив, цената на струјата е намалена за 20 проценти, за околу 70.000 мали компании, коишто се на регулираниот пазар, а 99,2 проценти од домаќинствата немаат зголемени цени на електрична енергија.
