За 24 часа регистрирани 219 земјотреси во Ел Салвадор
Најмалку 130 станбени згради беа оштетени од силната сеизмичка активност во Ел Салвадор, предизвикани се лизгање на земјиштето, а повеќе луѓе беа евакуирани во засолништа.
Како што се наведува во соопштението, од неделата попладне до понеделник наутро се регистрирани 219 земјотреси, а најсилниот бил со јачина од 5,1 степени според Рихтеровата скала, на длабочина од девет километри, во општина Сан Лоренцо, пренесува Ројтерс.
Нема информации за загинати, но потресите оштетија домови и предизвикаа најмалку 20 лизгањa на земјиштето, поради што властите издадоа црвен аларм за градовите во епицентарот на сеизмичката активност. Екипите за итни случаи беа на лице место во понеделникот и ги расчистуваа остатоците, а властите отворија осум засолништа за итни случаи во областа, според Ројтерс.