Свет

Замрзнат дожд во Канада, над 70.000 потрошувачи без струја

Поради замрзнатиот дожд, повеќе од 70.000 потрошувачи останаа без струја во источна Канада.

Најпогодени беа провинциите Њу Бранзвик и Нова Шкотска.

Поради невремето на места се прекинати и телефонските врски, а затворени се и некои училишта, јавува ЦТВ.

Невремето го отежна и сообраќајот во тој дел на Канада.

На почеток