Свет

Предупредување за можни поплави во Косово

Хидрометеоролошкиот институт на Косово соопшти дека во следните два дена се очекува зголемување на врнежите, кои може да предизвикаат поплави, јавуваат Репортери.

Според соопштението, особено загрозени се областите околу Ѓаково, Јуник, Дечан, Пеќ, Исток, Призрен, Клина и Зубин Поток.

Во градските средини, во овие општини, може да има проблеми со локални поплави, во зависност од состојбата на одводниот систем, одржувањето и чистењето на речните корита и канализацијата, информираат од Хидрометеоролошкиот завод.

Се очекува да има зголемување на проточноста на поголемите реки, особено во сливот на Бело Дрима, како и на Ибар.

По предупредувањето на Хидрометеоролошкиот завод, Управата за вонредни состојби нареди зголемување на подготвеноста на цело Косово.

На почеток