Актуелно

„Москва би можела да се обиде да го зададе последниот удар во наредните недели“, тврди украински функционер

Украински функционер тврди дека Москва би можела „да се обиде да го зададе последниот удар“ во наредните недели.

Тој предупреди дека тоа може да се случи на годишнината од конфликтот, на 24 февруари или во март.

„Мораме секој ден да се подготвуваме за вакви настани. Се подготвуваме и… Првото и последното прашање е секогаш за оружје, помош која ќе ни помогне да го победиме овој агресор кој ја нападна нашата земја“, рече Данилов.

Украина со недели предупредува дека Русија планира нова офанзива на почетокот на 2023 година.

Руските и белоруските трупи спроведуваат заеднички воени вежби на територијата на Белорусија, што ја натера Украина да ја зајакне одбраната долж нејзината северна граница. Сепак, западните аналитичари велат дека белоруските војници веројатно нема директно да влезат во војната и дека Русија е поверојатно да ја користи Белорусија како отскочна даска за нова офанзива.

На почеток