Почина најстарата жена на светот
Француската сестра Андре, која од април 2022 година е признаена како најстарата позната жена во светот, почина во сон во домот за стари лица во Тулон, Франција.
Ова вечерва го потврди портпаролот на домот за Франс прес.
Таа починала во 2 часот утринава, рече тој.
Ниту еден официјален орган не утврдува кој е најстариот човек на светот, но експертите се согласуваат дека сестра Андре досега била најстарата жива личност чиј извод од матичната книга е потврден.
Гинисовата книга на рекорди ја призна и како носител на рекордот на 25 април по смртта на Јапонката Кана Танака на 119-годишна возраст.
Таа веќе неколку години не го крие уморот и желбата да се „извлече од оваа работа“. Но, како што рече таа во интервју за Франс прес во 2022 година, „добриот Господ не ме слуша“.
Движејќи се во инвалидска количка, слепата сестра Андре, родена како Лусил Рандон на 11 февруари 1904 година во Алес на југот на Франција, се жалеше што изгубила дел од своите физички способности.
„Тие велат дека работата убива, но работата ме натера да живеам, работев до 108 години“, рече таа во април 2022 година, кога беше прогласена за најстарата жена на светот, а претходно беше најстарата Французинка, а потоа и најстарата Европјанка.