Свет

Премиерка Ардерн најави оставка: Немам доволно „гориво“ за да работам на вистински начин

Новозеландската премиерка Џасинда Ардерн најави оставка и рече дека ќе ја напушти функцијата најдоцна до 7 февруари.

Според неа, општите избори ќе се одржат на 14 октомври, пренесува АП.

Нејзиното ненадејно заминување како премиер во Нов Зеланд е опишано како „шокантно“, а Ардерн изјави дека нема повторно да се кандидира за премиер.

Влегов во шестата година откако сум на оваа позиција и секоја година од мојата работа давам максимум од себе“, изјави Ардерн, пренесува Блиц.

Работата ја опиша како голема привилегија, но истовремено и голем предизвик и истакна дека повеќе нема сила да остане уште еден мандат.

„Не си заминувам затоа што беше тешко. Да беше тоа причината, веројатно ќе си заминев по два месеци на функцијата. Си заминувам затоа што со таква привилегирана улога доаѓа и одговорноста. Одговорност е кога знаеш дека си вистинската личност да ја води земјата, но и кога не си. Знам што бара оваа работа и веќе немам доволно „гориво“ за да ја работам на вистински начин. Така е“, рече Ардерн.

На почеток