Пронајдено телото на исчезнатата Ана Волш?
Тело на непозната жена е пронајдено во центарот за рециклирање во Хартфорд, јавуваат медиумите.
Полициската управа во Хартфорд одговорила на пријавата дека во центарот за рециклирање е пронајдено тело на жена, пишува „Бостон“.
Полицијата е на терен, а во моментов е во тек увид.
Во текот на истрагата, која е веднаш покрената, ќе се утврди идентитетот на жената чие тело е пронајдено. Се уште нема потврда дали се работи за телото на исчезнатата Ана Волш.
Инаку, Ана Волш од Белград, исчезна на 1 јануари. Нејзините колеги го пријавиле исчезнувањето на 4 јануари, додека нејзиниот сопруг Брајан е уапсен на 8 јануари.
Тој е обвинет за убиство на неговата сопруга.