Коментари

Жесток Фејсбук дуел меѓу Апасиев и Сали: „Треба сериозно да бара лек против албанофобија“

Откако денеска излезе список дека актуелниот министер за здравство Беким Сали унапредил 17 лица, меѓу кои 14 Албанци и тројца Македонци роднини на актуелни функционери, дојде до жесток фејсбук дуел меѓу првиот човек во здравството и лидерот на Левица, Димитар Апасиев.

Првично, Апасиев сподели кај него статус за новите унапредувања во здравството, по што актуелниот министер му возврати:

„Апасиев, треба сериозно да бара лек против албанофобија. Иако имаме добар кадар на клиниките, за жал Министерството за здравство се уште не открило лек за албанофобија. Во министерството што јас го раководам секој се унапредува според заслугите и работата што ја работи, а не според партиската и политичката определба“, напиша Сали на службениот профил.

Меѓутоа, лидерот на Левица не му остана должен, па уште пожестоко му одговори:

„Шовинисту, оди прво обезбеди им лекови на болните од цистична фиброза! Уште се лечиме преку СМС и Македонци и Албанци“, напиша Апасиев.

На почеток