Свет

Потона товарен брод, се трага по осум членови на екипажот

Јапонската и јужнокорејската крајбрежна стража трагаат по осум членови на екипажот на товарниот брод што во текот на ноќта потона во Кинеското Море југозападно од Јапонија.

„Досега се спасени вкупно 14 членови на екипажот“, изјави утринава портпаролот на јапонската крајбрежна стража.

Единаесет од нив биле во безсознание, соопшти јужнокорејската крајбрежна стража.

Националноста на спасените членови на екипажот не е позната. Тие биле пренесени до пристаништето Нагасаки, на југозападот на Јапонија.

Џин Тиан, товарен брод регистриран во Хонг Конг, издаде SOS сигнал доцна навечер во вторникот, по јапонско време.

На помош дојдоа три комерцијални бродови кои се нашле во близина.

На почеток