Актуелно

САД го поддржува брзиот влез на Финска и Шведска во НАТО

Портпаролот на американскиот Стејт департмент Нед Прајс рече дека САД го поддржуваат брзиот влез на Финска и Шведска во НАТО.

Тој го изјави ова откако Хелсинки објави дека трилатералните разговори со Турција за барањето на Финска и Шведска да се приклучат на воената алијанса се ставени во мирување.

Прајс на прес-конференцијата постојано беше прашан за позицијата на Вашингтон за пристапот на Финска без Шведска, но одби да коментира за, како што рече, „хипотетичкo“, а не „актуелно прашање“.

„Ова отсекогаш била дискусија за Финска и Шведска… преминување од сојуз со 28 во сојуз со 30. Тоа е она што сакаме да го видиме“, рече Прајс.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави во понеделникот дека Шведска не треба да очекува поддршка од неговата земја по протестите во близина на турската амбасада во Стокхолм викендот каде беше запалена копија од Куранот.

Финскиот министер за надворешни работи Пека Хависто рече дека е потребна неколкунеделна пауза во разговорите меѓу Финска, Шведска и Турција во врска со плановите на двете нордиски земји да се приклучат на НАТО.

На почеток