Актуелно

Падна првиот снег во Скопје

Утрово почна да вее снег во Скопје. Конечно и скопјани ќе можат да уживаат во првиот снег оваа зима.

Во Скопје денес ќе биде облачно со услови за повремени врнежи од дожд и снег. Ќе дува умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне до 5 степени.

Утре ќе биде променливо облачно и студено, со провејување на слаб снег. Ќе дува умерен, а долж Повардарието повремено засилен, ветер од северен правец. Во наредните денови ќе се задржи студено време со утрински температури кои насекаде ќе бидат под нула, а услови за повремен снег ќе има во вторник.

На почеток