Актуелно

(ВИДЕО) Снимен моментот кога автобус паѓа во езеро

Надзорните камери на автобус го снимија моментот кога возачот изгубил контрола над возилото и автобусот паднал во турско езеро.

Возачот се обидувал да се качи на траект пред несреќата. Тројца патници се пренесени во болница, но за среќа никој не се здобил со повреди опасни по живот.

Несреќата се случи во средата на пристаништето за траект Атабеј во источна Турција. Според локалните медиуми, мештаните веднаш дошле на помош, ги искршиле стаклата на возилото и извлекле неколку преплашени патници. Противпожарната служба набрзо пристигнала на местото на настанот и извршила операција за спасување на десет патници, пишува „Дејли мејл“.

На почеток