Магазин

Голубовиќ: Македонски пасош се купува за 5 до 10.000 евра

Кристијан Голубовиќ, еден од последните преживеани „жестоки момци“ од деведесеттите години во Србија во интервју за „Република“ објаснува зошто толку криминалци со леснотија вадат македонски пасош.

„Македонија отсекогаш беше добра во соработката и со политичарите и со криминалците и со политичарите затоа што беше на т.н „ружа на ветрови“. Низ Македонија од сите страни поминуваат големи банди-албански, бугарски, грчки, српски, црногорски,турски… Вие сте во епицентарот на случувањата, мала сте земја од која лесно се излегува и влегува, транзитна и кај вас овие луѓе не се задржуваат и сте отскочна даска. Имате развиено услуга за криминалците.“, вели тој.

Кристијан го открива и „ценовникот“ колку чини македонски пасош за криминалци.

Ако зборуваме за оригинали цената е од 5 до 10 илјади евра а достигнуваат и до 25.000 евра- открива Голубовиќ.

На почеток