Актуелно

(ВИДЕО) Три града во Турција срамнети со земја

Првите прелиминарни податоци покажуваат дека само на југот на Турција се уништени или урнати 130 згради. Уривање на објекти е забележано и во Шрија, но засега нема детални информации за тоа.

Размерите на уништувањето на земјотресот на југот на Турција се покажаа страшни, апокалиптичните сцени беа застрашувачки!

Освен Газинтеп, најлошо настрада и градот Искендерум, каде што буквално беа урнати и срамнети со земја повеќето згради. Има информации дека пожарникарите и спасувачите не можат да стигнат на секое место бидејќи се урнати голем број згради и објекти. Се стравува дека бројот на жртви ќе биде многу поголем.

Третиот град кој претрпе страшни разурнувања во двата силни земјотреси на југот на Турција е Кахраманмарас. Утрото, по два силни удари, зградите изгледаа како градот да претрпел страшни разурнувања во ноќно бомбардирање.

Снимките кои кружат на социјалните мрежи укажуваат дека во самиот град речиси и да нема цела зграда. Во дождлив ден, преживеаните шетаат по улиците и немо ги набљудуваат срушените згради, под кои има голем број луѓе, пријатели, роднини и членови на семејството.

Турските власти упатија официјален апел до светската јавност дека на земјата ѝ е потребна сета помош, пред сè од медицински лица и спасувачи, за да им се помогне на настраданите на југот на Турција и да се зголемат шансите за спасување на повредените и преживеаните од купот бетон.

На почеток