Свет

Медиуми: „HAARP“ системот го предизвикал земјотресот во Турција?

Разорниот земјотрес со јачина од 7,7 степени според Рихтеровата скала, кој утринава во 4:17 часот по локално време ја погоди Турција, однесе над 600 животи во таа земја и соседна Сирија.

Додека спасувачите поминуваат часови извлекувајќи тела од урнатините и барајќи преживеани, постојат и такви кои се впуштаат во теории на заговор и тврдат дека „HAARP“, системот го предизвикал земјотресот, пренесуваат медиумите ворегионот.

Турски експерти за локалните медиуми изјавија дека таквите тврдења се „најголемата глупост што некогаш ја слушнале во нивните животи“.

„Такво нешто е невозможно и нема научни објаснувања за тоа што го тврдат“, изјави Ахмет Ерџан, геофизичар од факултетот на ИТУ.

Земјотресот погоди 10 провинции, а беше почувствуван и во Анкара и други турски градови. По тој разорен земјотрес следеа 40 следни, со јачина до 6,6 степени според Рихтеровата скала.

Во земјотресот беа уништени и урнати илјадници згради, а земјотресот беше почувствуван и во Дамаск како и во Либан.

На почеток