Актуелно

Најчевска: Во моментов не смее ниту еден етнички Албанец од Македонија да преговара за било кој аспект кој е поврзан со идентитетските прашања на Македонците

Лидерот на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари денеска се сретнал со амбасадорот на Бугарија во земјава Ангел Ангелов, на која, како што соопшти, истакнал дека како и францускиот предлог, АА ќе ги поддржи и уставните измени за продолжување на преговорите за членство во Европската Унија (ЕУ).

Професорката Мирјана Најчевска ја сподели оваа вест и вели дека во моментов не смее ниту еден етнички Албанец од Македонија да преговара за било кој аспект кој е поврзан со идентитетските прашања на Македонците.

„Османи на средба со Бугарите, Џафери на средба со Бугарите, Артан Груби во комисија за културни прашања меѓу Македонците и Бугарите, Таравари на средба со бугарскиот амбасадор за односите меѓу Македонците и Бугарите. И сите од петни жили се трудат да го заштитат македонскиот идентитет.

Малку е крипи не ви се чини.

Некако не се чувствувам удобно.

Извинете ама мислам дека во моментов не смее ниту еден етнички Албанец од Македонија да преговара за било кој аспект кој е поврзан со идентитетските прашања на Македонците.

Кога веќе го воведовме Бадентер како клучен метод на работа во Македонија, тој мора да се примени и за ова прашање“, вели Најчевска.

На почеток