Коментари

Јоци: Оваа катастрофална власт ги заострува односите со Русија! На крај ќе ни воведат санкции, па ќе јадеме корења буквално

Новинарката Јорданка Ивановска Јоци на социјалните мрежи го искоментира планот на владата да забрани увоз на руска нафта во Македонија.

„Оваа катастрофална власт на стаклени нозе продолжува да ги заострува односите со Русија. Ние тука маково зрнце ќе кажуваме чија нафта ни чини, затоа што ја слушаме Европа заради која тонеме во спорот со Бугарија.

На крај Русија ќе ни воведе санкции за извоз на сé, па и за испорака на гас е извесно, па ќе јадеме корења во буквална смисла. А, можеби и така треба, кога не знаеме што е држава.

Балканот е можеби политички зависен од САД, но економски не би рекла“, вели Јоци.

На почеток