Свет

(ВИДЕО) Сеизмолошка служба го објави текот на земјотресот во Турција

Бројот на загинатите во страшните земјотреси во Турција и Сирија надмина 35.000. Земјотресот ги потресе Турција и Сирија пред една недела и денеска е осми ден по ред како продолжуваат очајните спасувачки операции. Се намалува надежта дека ќе се најдат уште преживеани.

Властите соопштија дека околу 6.500 згради во Турција се урнале, а многу се оштетени во зоната на земјотресот, која погодува околу 13 милиони луѓе.

Сеизмолошката служба на Хрватска објави краток сеизмолошки преглед на земјотресот во Турција и видео од текот на земјотресот.

 

На почеток