(ФОТО) Погледнете ја реакцијата на синот чија мајка беше пронајдена жива под урнатините
Од
Објавено на
Сликата на син кој не може да го сокрие шокот и воодушевувањето откако спасувачите ја пронајдоа неговата мајка жива под урнатините е нов симбол на надеж за жртвите од турско-сирискиот земјотрес.
Во моменти кога надежта се намалува и времето за преживување под урнатините истече, наоѓањето живи е еднакво на чудо. Ова го знае човекот чија мајка била спасена по 177 часа под урнатините.
Синот на Серапа Донмез, жената која преживеала под тони бетон во Хатај цели 177 часа, можел само да вреска и да скока од радост кога тоа се случило, а неговата реакција е фатена на една од новите впечатливи фотографии направени во Турција.