Актуелно

Романија не престанува да се тресе, четири земјотреси за еден час

Земјотрес со јачина од 5,2 степени според Рихтеровата скала денеска ја погоди Романија, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар.

Како што наведе, земјотресот се случил на длабочина од осум километри.

Земјотресот се случил на 73 километри североисточно од градот Дробета-Турну Северин во југозападниот дел на земјата, во близина на границата со Србија и 14 километри северозападно од градот Таргу Жију.

Министерството за внатрешни работи на Србија на Инстаграм потврди дека во 15:58 часот земјотрес со јачина од 5,2 степени според Рихтеровата скала е регистриран во близина на градот Крајова во Романија.

Земјотресот е почувствуван и на територијата на Србија, информираат од МВР.

Земјотресот го почувствувале и белграѓани.

Следуваше уште еден земјотрес со јачина од три степени според Рихтеровата скала, кој се случи на длабочина од 15 километри, соопшти ЕМСЦ.

Тој послаб земјотрес се случи на 68 километри североисточно од Дробет-Турну Северин и 15 километри североисточно од Тисман.

Недолго потоа Романија ја погоди уште еден земјотрес, четврти по ред, со јачина од 2,9 степени.

На почеток