Свет

Луѓето се убедија дека таканаречените Македонци дејствуваат само кога се притиснати до ѕид, вели Трифонов

Во интервју за БНР, претседателот на бугарската партија „Има таков народ“, Слави Трифонов кажа дека би ставил вето на Македонија за влез во Европската Унија (ЕУ), ако некој него го прашува.

„Луѓето се убедија дека таканаречените Македонци дејствуваат само кога се притиснати до ѕид. Инаку, гледате што прават. Тоа е многу тажно“, изјави Трифонов.

Тој и неговата партија на последните избори не успеаја да го преминат изборниот праг и не влегоа во бугарското Народно собрание. Трифонов е еден од политичките лидери кој упатува провокации кон Македонија. Односите меѓу двете земји се заладени во последно време. На 4 февруари, денот кога е роден херојот Гоце Делчев, бугарски државјани направија инцидент на граничниот премин Деве Баир, за што добија казни од по 300 евра и забрана за влез во Македонија во рок од 3 години.

На почеток