Силен земјотрес во Романија, почуствуван и во Белград

Од
Објавено на

Земјотрес со јачина од 5,3 степени ја погоди денеска Романија, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки институт. Земјотресот е почувствуван и во Србија.
Епицентарот на земјотресот бил во Крајова, Романија, 12 километри северозападно од градот Таргу Зиу, според ЕМСЦ. Овој град се наоѓа на југозападниот дел на Романија во провинцијата Влашка.
Земјотресот е почувствуван и во Белград, како и во Вршац. Како што дознаваме, луѓето се на улица, излегле од своите станови.
Земјотресот е почувствуван и во Бугарија, Хрватска, Босна и Херцеговина,пренесе Телеграф.рс.
