Трајанов му врати на Ковачевски: Се надевам дека не е заложник на ДУИ
Се надевам дека Ковачевски не е заложник на ДУИ, изјави Павле Трајанов од Демократскиот сојуз. Тој вчера го напушти владиното мнозинство.
Премиерот Димитар Ковачевски денеска рече дека „се надева дека Трајанов нема да стане заложниик на Димитар Апасиев како што е Христијан Мицкоски“. Трајанов вели дека тоа е ниско ниво на комуникација.
„Како и досега, немам намера никого да дискредитирам, но подготвен сум да учествувам во сите расправи поврзани со витални прашања битни за граѓаните и државата“, рече Трајанов.
Според премиерот, ддлуката којашто ја донесе Демократски сојуз не претставува никакво нарушување на силината и на стабилноста на владиното мнозинство.