Пациент со цистична фиброза до владата и претседателот: „Постапете како да сум Ваше дете“
„Постапете како да сум Ваше дете“ – напиша во фејсбук Игор Пехчевски, пациент со цистична фиброза, обраќајќи им се на премиерот, владата и претседателот на државата. Бара од државните функционери да му го обезбедат потребниот лек, бидејќи, како што напишал, повторно ќе се врати во болница.
„На никој не би му посакал на ваков начин да ги остварува своите права за Работа и Лек на социјалните мрежи и медиумите. Верувајте тоа е крајно ПОНИЖУВАЧКИ
Уште колку време треба да чекам за Лекот #ТРИКАФТА и за Пристојно работно место, НЕ било какво…
Или повторно чекате да се вратам во болнички кревет
ПОСТАПЕТЕ како да сум Ваше дете!!!“, стои во објавата на Пехчевски.